Адвокатот обвини: Марадона беше зависник, го оставија да пие апчиња, никој не сакаше да го прегледа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адвокатот на медицинската сестра  која требаше да се грижи за здравјето на Диего Армандо Марадона откри нови информации за тоа што му се случувало на аргентинскиот фудбалски бог во последните денови од животот.

Полицијата во моментов работи на случајот и истражува како починал Марадона, а адвокатот тврди дека докторот Леополд Луке е виновен за тоа што му се случило на легендарниот Аргентинец.

„Марадона одбил да биде прегледан. Мојата клиентка почнала да работи кај Марадона 10 дена пред да почине. Таа вели дека тој бил заклучен во собата, а лично го видела само првиот ден. Марадона отпуштил една медицинска сестра затоа што му била пречка да зема апчиња. Диего беше зависник, земаше таблети на психијатарски рецепт. Поради тоа срцето почнало да му работи забрзано…“, открива адвокатот.