Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ со важно предупредување до регионот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тимот на адвокати кои се грижи за најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ соопшти дека се појавила измама на интернет.

Адвокатскиот тим ги информира граѓаните на балканските земји дека се користи ликот и името на српскиот тенисер за да се привлечат луѓе да инвестираат пари во платформа наречена „Гаспром“.

Тие предупредуваат дека Ѓоковиќ не учествува во рекламирање на ваква кампања и секој обид за злоупотреба да го пријават до надлежните служби.