„Агентот“ Ди Марија не успеал да им го донесе најголемото засилување во историјата на ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Анхел Ди Марија се обидел да го убеди Лионел Меси да се пресели во ПСЖ, откако Аргентинецот објави дека сака да го раскине договорот со Барселона и бесплатн о да замине од тимот.

Манчестер сити беше голем фаворит за неговиот потпис, но тие на крајот не успеаа да го ангажираат, зашто Барселона не му дозволи на Меси да замине.

Драмата траеше дури еден месец, а на крајот Аргентинецот попушти и не сакаше да се тужи, па сигурно ќе остане во каталонскиот тим барем уште една сезона.

Ди Марија тврди дека се обидел да го договори Меси да дојде во ПСЖ, но не успеал во намерата.

„Откако дознав дека сака да ја напушти Барселона, му испратив порака на Инстаграм во која му објаснив дека може да игра во ПСЖ“, напиша Ди Марија.