Агентот на Бејл откри кој го блокирал трансферот на неговиот клиент во Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако беше најавено дека Герет Бејл ќе се пресели во редовите на Џиангсу Сунинг и ќе стане најплатен светски фудбалер, сепак тоа нема да се случи.

Таквата вест ја потврди и агентот на фудбалерот кој истакна дека Герет нема да замине во Кина, но истакна дека најавите кои говореа дека тоа е така поради семејството на Бејл се тотална невистина.

„Сите стории поврзани со тоа дека Герет или неговото семејство се причината што договорот не се реализираше се тотална невистина“-истакна Барнет со што јасно посочи дека главниот виновник за нереализираниот трансфер е Флорентино Перез.