Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот фудбалер на Тотенхем, Герет Бејл пред неколку денови го напушти Реал Мадрид, а неговиот агент Џоната Барнет го критикуваше шпанскиот шампион поради односот кон репрезентативецот на Велс.
Барнет кажа дека „кралевите“ не се однесувале како што треба кон него, но на крајот тие ќе жалат поради тоа што го пуштиле да замине.
„Клубот не се однесуваше најдобро кон него. Мислам дека Реал Мадрид треба да ја бакнува земјата по која газеше Бејл. Тој не заслужи таков третман од нив“, кажа Барнет.
Агентот на Бејл ја исклучи и можност од враќање на фудбалерот во Мадрид, па најверојатно Тотенхем по завршување на позајмицата ќе го откупи неговиот договор.