Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тахит Чонг важи за еден од најперспективните млади фудбалери на Манчестер Јунајтед и многумина му предвидуваат блескава иднина.
Јасно е дека годинава Чонг нема да добива којзнае каква минутажа во Премиер лигата, но Лига Европа и англиските купови се можност тој да се претстави во одлично светло слично како на подготовките.
Постоеше можност тој да замине на позајмица, но самиот ја отфрлил таа опција посочувајќи дека сака да се бори за влез во тимот.
„Тахит не сака да си замине на позајмица, туку сака да се бори за место во Манчестер Јунајтед. Неколку клубови од Бундеслигата и ЛА Лига беа заинтересирани за него. Тој одработи одлични подготовки на кои докажа дека е еден од најдобрите напаѓачи на Манчестер Јунајтед“- истакна Еркан Алкан, агентот на Чонг.