Агентот на Нејмар се јави по шпекулациите за иднината на Бразилецот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светските медиуми вчера пишуваа дека Нејмар не е задоволен во Ал Хилал и планира наскоро да замине од клубот од Саудиска Арабија.

Како негова следна дестинација се споменуваше Сантос, меѓутоа агентот на Нејмар, Пини Захави ги негира шпекулациите.

„Засега нема никакви разговори за Нејмар да го напушти Ал Хилал. Тој има договор и среќен е во Саудиска Арабија. Јас и татко му на Нејмар сме единствени луѓе кои можеме да зборуваме за неговата иднина“, кажа Захави.