Агентот на Озил откри каде тој ќе игра следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот на Арсенал, Месут Озил во интервју за турските медиуми откри каде ќе игра неговиот клиент следната сезона.

„Месут повторно крвави за Арсенал, и ќе го испочитува својот договор до крај. Ќе остане во Арсенал најмалку до 2021 година и фановите не треба да се грижат за шпекулациите ова лето. Тој си најде место каде се чувствува добредојден и верува дека има уште многу да даде на Арсенал“ –истакна Еркут Согут.

Германскиот репрезентативец долго време беше закован на клупата за резервни фудбалери на Арсенал, но сега во вториот дел од сезоната како повторно да ја пронајде својата форма и се почесто е во првиот тим на „топчиите“.