Агентот на Рабио во постојан контакт со Јунајтед


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека агентот на Адриен Рабио е во постојан контакт со претставници на Манчестер Јунајтед.

25 годишниот француски интернационалец по само една сезона помината во Јувентус би можел да си оди од клубот.

Рабио не остави голем впечаток во Торино, па токму затоа би можел да ја смени средината по крајот на оваа сезона.

Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Рабио минатата сезона, но тогаш играчот од средниот ред потпиша договор со Јувентус.