Агентот на син на поранешен играч на Реал и Барселона призна: Сити и Тотенхем се интересираат за него


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синот на легендата на романскиот фудбал Џорџ Хаџи, Јанис, игра одлично во дресот на Глазгов Ренџерс оваа сезона.

Младиот Хаџи е на позајмица во шкотскит клуб од Генк и со своите настапи го привлече вниманието на поголемите европски клубови.

Ситуацијата околу Јанис Хаџи ја следат Манчестер Сити и Тотенхем, а тоа го потврди и агентот на младиот фудбалер, Џовани Бекали.

„Лично бев прашан од Жозе Мурињо и Чики Бегиристан (спортски директор на Сити) за Јанис Хаџи. Сакаат да знаат како се развива.Има многу други луѓе од големите клубови кои ме прашуваат за Јанис. Мислам дека најдобро за него е да потпише перманентен договор со Ренџерс и да остане таму уште една сезона, па да размислува за голем клуб“ –изјави Бекали.