Агентот на Жоржињо со јасен став: Ако Јувентус го сака, нека се јави што побрзо


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Агентот на Жоржињо, Жоао Сантос истакна дека е свесен за интересот на Јувентус за неговиот клиент.

Сепак според Сантос засега се уште нема никакви контакти меѓу двете страни иако е јасен интересот од Сари за Жоржињо.

„Сари многу го сака Жоржињо. Работеа заедно и знам колку го почитува. Сепак, никој од Јувентус не ни се јави. Жоржињо е фокусиран на Челси и на крајот на сезоната.

Според мене, Јувентус може да има проблем да го купи ЖОржињо зошто пазарот се промени поради пандемијата“ –изјави Сантос.