Агуеро доби емотивна порака која го врати во тинејџерското време 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Серхиоп Агуеро предизвика многу коментари во светот на фудбалот, па пристигнаа пораки од сите страни, а една од најемотивните ги има Пабло Забалета.

Откако се пожали на проблеми со дишењето, Агуеро направи дополнителни прегледи кои покажаа срцеви проблеми и тоа му ја заврши кариерата.

„Од твоето прво деби, па до пензија, заедно славевме, тагувавме и минавме многу работи. Те сакам многу“, напиша Забалета на Твитер.

На „Камп Ноу“ беше одржана прес-конференција во друштво на претседателот Жоан Лапорта.

„Ова е многу тежок момент за мене. Решив да прекинам да се занимавам со фудбал. Здравјето ми е на прво место. Знаете каков проблем имам. Одлуката ја донесов пред 10 дена…“, кажа Агуеро.