Агуеро го навреди Камавинга, па се правдаше преку Твитер (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентина стана светски шампион со победата против Франција на пенали во големото финале на Светското првенство (СП) во Катар.

По триумфот на трофејот му се израдува и поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро кој го крена пехарот за првпат во кариерата, а притоа ги налути Французите.

Агуеро реши да се пошегува со презимето на младиот фудбалера на Реал Мадрид, Едуардо Камвинга.

„Нека се подготви Камавинга, кара де Пинга (свинска глава)“, кажа Агуеро, по што се извини и кажа дека немал ништо против младиот фудбалер.