Агуеро и Сане го напуштаат Манчестер Сити?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити би можел да се најде во големи проблеми пред следната сезона, а причината се Серхио Агуеро и Лерој Сане.

Според Скај Спортс, двајцата играчи се на излезната врата на Манчестер Сити, а неколку клубови го следат развојот на ситуацијата со цел да ги испратат своите понуди.

Кога станува збор за Серхио Агуеро, најконкретен е тимот на Интер, кој наводно се договорил усно со Агуеро, и само се чека да заминувањето на Лаутаро Мартинез.

Мартинез треба да замине за Барселона во следниот трансфер прозорец, а негова замена во Интер ќе биде искусниот Аргентинец, Серхио Агуеро.

Од друга страна, Лерој Сане веќе подолго време се поврзува со Баерн, а наводно сè е веќе договорено, па ние само чекаме на моментот кога трансферот ќе биде официјално потврден.