Агуеро има одлични опции за неговата иднина!


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Серхио Агуеро по десет години го напушта Манчестер сити, а тоа го потврди и екипата, па сега се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата.

Засега фаворити за потписот на Аргентинецот се Барселона и ПСЖ, а на таа тема разговараше и познатиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Италијанскиот новинар тврди дека постои интерес од двата тима, но дека Барселона бара помлад и поефтин напаѓач од Агуеро.

„Агуеро е во контакт со Барселона. Се разгледува негов ангажман, меѓутоа постојат два проблеми. За раководството на Каталонците тој не е прв избор, зашто сакаат помлад напаѓач“, вели Ди Марцио.