Агуеро нема да остане на „Итихад“ – ја засилува Барселона?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро на крајот на сезоната би можел да замине од Манчестер сити, зашто му завршува договорот, а како негова следна дестинација се споменува тимот на Барселона.

„Кадена Сер“ објави дека Агуеро е заинтересиран за преселба во Барселона, а наводно разговарал со управата на Каталонците и сега е на праг да ги засили.

Агуеро ќе мора да прифати помала плата во Барселона, отколку таа што ја добива во Манчестер сити, зашто Каталонците се во финансиски проблеми.