Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот Серхио Агуеро вчера во солзи објави крај на кариерата. Тој мораше да се повлече од фудбалот на 33-годишна возраст поради проблеми со срцето.
На јавноста не ѝ е позната приказната дека Агуеро на 15 години имал операција на срцето, како и дека во 2017 година на полувреме на пријателски меч меѓу Нигерија и Аргентина колабирал во соблекувална.
Историјата на срцеви проблеми постои, а сега се јави и Мигел Варгас, еден од кардиолозите кои го следеле Агуеро додека бил тинејџер.
„Таква аритмија не се развива кај обични луѓе. Таа е карактеристична за спортисти чие тело со години е под големи напори. Агуеро има белег на срцето, помал од милиметар кој создава аритмија. Агуеро може да живее нормално, но не смее да се занимава со професионален спорт затоа што може да му запре срцето“, откри Варгас.