Агуеро постави рекорд и се збогуваше со Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, постави рекорд по број на голови за една екипа во Премиерлигата.

Аргентинецот по 10 години ќе го напушти премиерлигашот, а на последниот меч од Премиерлигата постигна два гола против Евертон.

Агуеро влезе во игра во последниот половина час од мечот, па за само 11 минути поминати на теренот постигна два гола.

Со тоа стигна до бројката од 184 голови за „граѓаните“ и зад себе го остави Вејн Руни, кој го држеше рекордот како играч на Манчестер јунајтед со 183 гола.

Агуеро во сите натпреварувања за „граѓаните“ одигра 389 натпревари и постигна 260 голови за премиерлигашот.