Агуеро прифатил ептен помала плата во Барселона, иако Јувентус му нудел договор од соништата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Серхио Агуеро пред неколку дена потпиша за Барселона и конечно треба да ги реши проблемите на каталонскиот тим кои ги има по заминувањето на Луис Суарез.

Додека новиот претседател Жоан Лапорта го гледа Агуеро како огромно засилување, многумина ги интересираше колку пари ќе се трошат на Аргентинецот.

Агуеро добил договор од шест милиони евра бруто плата, а тоа е разлика од неверојатни 17 милиони евра во однос на платата која ја имаше во Манчестер сити во претходните години.

Медиумите откриваат дека Лапорта му кажал на Агуеро дека се во тешка финансиска состојба и дека ќе мора да прифати ептен помали примања, а Аргентинецот не се будел затоа што сакал да игра со Лионел Меси.

Во исто време Агуеро добил многу подобра понуда од Јувентус, но неговиот сон бил да го носи дресот на гигантот од Каталонија.