Агуеро си се почести со Ферари по доаѓањето во Барселона 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да се почести со нов автомобил.

По 10 години поминати во Манчестер сити, каде што стана вистинска легенда, Агуеро реши како слободен фудбалер да си замине од Барселона.

Аргентинецот има големи очекувања во Барселона, а откако стигна во Каталонија, реши да се почести со нов автомобил.

Нов автомобил на Агуеро е Ферари СФ90 кој вреди околу половина милион евра, а има 1000 коњски сили, а до 100 км/ч достигнува за само 2,5 секунди.

Ферари меѓутоа не е најскап автомобил кој Агуеро го купил. Тој во 2014 година плати милион и пол за Ламборгини.