Агуеро си заминува од Манчестер Сити, познат новиот клуб на Аргентинецот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро би можел да си замине од клубот во 2021 година.

Неговиот актуелен договор со граѓаните истекува во летото 2021 година, а како што пренесуваат медиумите во Италија тоа би можело да биде и последна година како играчот настапува за Манчестер Сити.

Наводно, тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами е подготвен да му понуди договор на одличниот напаѓач кој во неколку наврати изјавуваше дека не би имал ништо против да игра во МЛС Лигата.