Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Серхио Агуеро го напушта Манчестер сити по 10 години и веќе почна преговори со останатите клубови. Искусниот аргентински напаѓач не доби нова соработка од премиерлигашот, а неодамна тие потврдија дек си заминува фудбалерот од „Итихад“.
Овој 33-годишен фудбалер има намера да игра уште неколку сезони во Европа, а поради тоа сака и добро да заработи.
Интерес за неговите услуги постои од Јувентус, Барселона, ПСЖ, Челси и Манчестер јунајтед, а веќе Агуеро преговарал со „Старата дама“ и побарал плата од 12 милиони евра по сезона.
Меѓутоа, со оглед на тоа дека има 33 години и често се повредува, Јувентус не сакал да му ги исполни условите, но најверојатно нема ниту еден друг клуб да го прифати ова негово барање.
Агуеро е најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити затоа што на 385 меча постигна 257 голови и 73 асистенции.