Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајакс на десети април на домашен терен во Амстердам во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони го пречекува Јувентус.
Продажбата на картите за натпреварот траеше многу кратко, поточно 40 минути, колку што беа потребни за да се распродадат сите.
Продажбата на билетите почна во 10 часот наутро, а заврши во 10.40, зашто повеќе карти немаше, односно сите 54.000 места за седење беа продадени. Тоа е доволен доказ за тоа колку е голем интересот за мечот во елитното натпреварување.
Сепак, тренерот на Ајакс од своите фудбалери бара да не размислуваат за мечот против Јувентус, зашто за викендот ќе имаат многу важен меч против ПСВ.