Ајакс ја отвори вратата за Хендерсон


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон минатото лето потпиша договор со Ал-Етифак, но очигледно нема долго да се задржи во Саудиска Арабија.

Хендерсон е разочаран од С. Арабија и сака летово да се врати во Европа, а како негова следна дестинација се споменува Ајакс.

Британските медиуми пишуваат дека 33-годишниот фудбалер е голема желба на Ајакс, кој имаше лош старт на сезоната, но потоа го подигна нивото.