Ајакс со специјална порака се прости од Де Лихт (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Матијас де Лихт вчера ги помина медицинските прегледи, па тој денеска потпиша договор со Јувентус и беше претставен како нов фудбалер на италијанскиот шампион.

Де Лихт ќе остане пет години во гигантот од Торино, односно до 2024 година, а Јувентус за неговите услуги на Ајакс ќе му плати неверојатни 75 милиони евра.

Секако, клубот од Амстердам не го пушти својот фудбалер тукутака да замине, туку му подготви специјално видео во кое се збогува од него.

За потписот на Де Лихт долго време се бореше и Барселона, која сепак на крајот не успеа да ги обезбеди неговите услуги.