Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дека една добра сезона не значи ништо покажуваат и статистичките показатели на тројца поранешни фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт.
Лука Јовиќ, Анте Ребиќ и Себастијан Халер минатата сезона блескаа во тимот од Франкфурт, но тројцата имаат катастрофален почеток на оваа сезона во новите клубови.
Јовиќ го реализираше најзвучниот трансфер во Реал Мадрид и засега има постигнато само еден погодок во дресот на „кралевите“.
Хрватот, Анте Ребиќ направи трансфер во Милан и засега има одиграно само седум натпревари, во кои собрал единствено 177 минути поминати на теренот. Премалку за играч кој минатата година заедно со Јовиќ ги тероризираше мрежите во Бундеслигата.
Последното име на кое Ајнтрахт заработи многу е Себастијан Халер кој го засили тимот на Вест Хем. Напаѓачот е нешто подобар од неговите колеги и веќе има постигнато четири погодоци за Вест Хем, но лошо е тоа што последниот негов гол е постигнат уште на почетокот на октомври.
Може да се каже дека Ајнтрахт Франкфурт добро заработи на играчите кои блеснаа минатата и предминатата сезона.