Академија Пандев ја продолжи соработката со Таневски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Александар Таневски ќе остане на кормилото на Академија Пандев, откако струмичкиот тим се договори да му ја продолжи соработката.

Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери, кој е составен од Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренерот на голманите Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски.

Подготовките на струмичкиот тим се закажани за 1 јули.