Академија Пандев најави повлекување од Првата лига?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Академија Пандев најави дека има голема шанса да се повлече од македонската Прва лига, а тоа вчера го кажа Југослав Тренчовски, главниот координатор на тимот.

Тимот од Струмица уште минатата зима најави дека би можеле да се повлечат од натпреварувањето затоа што членовите на Управниот одбор на ФФМ си делат премии, а тимовите не добиваат ништо.

Македонскиот капитен Горан Пандев сака да го повлече неговиот тим од Првата лига затоа што не е усогласен Статутот на ФФМ со Законот за спорт, иако такво нешто побара фудбалерот уште во март.

„Сериозно размислуваме да ја повлечеме Академија Пандев од Првата лига“, кажа Тренчовски за „360 Степени“.