Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Иако имаа тешка претсезона, сепак Реал Мадрид со победа тргна во новата сезона во Ла Лига и тоа против Селта со 3-1.
За бомбата на Тони Крос долго време ќе се зборува, меѓутоа третот гол е навистина неверојатен.
Со неколку потези фудбалерите на Зинедин Зидан ја покажаа убавината на фудбалот, а честа да ја заврши акцијата со гол му припадна на Лукас Васкез.
Во 80. минута од мечот Касемиро му додаде на Марсело, а Бразилецот ја испрати топката до Иско, кој топката со пета ја остава, па левиот бек испраќа додавање до Бензема.
Бензема потоа го пронаоѓа Лукас, кој немаше проблеми да постигне гол.