„Ако 11 поени вредат 200 милиони, тогаш 38 поени вредат 600 милиони долари“ 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шекил О’Нил уште еднаш привлече големо внимание со коментарот по мечот меѓу Денвер нагетс и Далас маверикс.

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ постигнаа по 38 поени, а тоа на легендарниот центар му послужи да го критикува Руди Гобер.

Откако претходно го критикуваше Гобер затоа што доби голем договор од Јута Џез, Шекил и овој пат немаше милост кон Французинот.

„Ако 11 поени вредат 200 милиони долари, тогаш 38 поени треба да вредат 600 милиони долари. Зарем не?“, кажа Шекил по натпреварот меѓу Денвер и Далас.