Ако Аморим „не преживее“, Јунајтед подготви бомба и тоа со клупата на ривалот?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рубен Аморим сè уште има доверба од управата на Манчестер Јунајтед, но далеку е тоа дека неговото останување на клупата е загарантирано ако продолжи со лоши резултати.

Според последните информации, повторно е во игра – Унај Емери.

Иако Шпанецот бележи лоши резултати на почетокот на новата сезона, бидејќи Астон Вила не постигна ниту еден гол, не е заборавено каков успех постигна на “Вила парк” со две последователни пласирања во Европа.

Емери е извонредно ценет на Островот, а не е првпат да се поврзува и со Јунајтед, така што доколку навистина дојде до разделба со Аморим, ќе биде сериозна мета.

Секако, не треба да се заборави дека клупата на Јунајтед е „омилена тема“ во англиските медиуми и секојдневно се појавуваат нови имиња, па притисокот врз Аморим ќе биде уште поголем во наредните денови пред дербито со Челси.