„Ако Дарвин не се чувствува добро во Саудиска Арабија, може да премине во Челси“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул, а сега на Ал Хилал, Дарвин Нуњез, повторно е посакуван во Премиер лигата.

Всушност, го сака поранешниот фудбалер на Челси, легендарниот француски дефанзивец, Марсел Десаи, кој шест години играше на „Стемфорд бриџ“.

„За мене Нуњез е совршен“, изјави Марсел Десаи.

„Млад е, немаше среќа со Ливерпул, но ако Ливерпул го доведе тоа значи дека има потенцијал“, рече тој.

„Кај Мареска има добар систем и Дарвин би се вклопил со самодоверба. Би бил од голема помош за Челси. Не е ниту премногу скап, ова е мое мислење. Навистина би сакал да го видам во тимот. Ако не му оди добро во Саудиска Арабија, би можел да се врати во Премиер лигата“, рече Десаи.

Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул уште во 2022 година, платен е 64 милиони фунти, но не покажа тоа што се очекуваше од него.