Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Манчестер Ивинг Њуз“ пишува дека Манчестер сити ќе мора да продаваат фудбалери доколку сакаат да го купат Хари Кејн од Тотенхем.
Манчестер сити е блиску да потпише договор со Џек Грилиш од Астон вила за сума од 120 милиони евра, но тоа отвори нови прашања за иднината на Кејн.
Пеп Гвардиола нема да има пари во таков случај за трансфер на Кејн, кој чини околу 150 милиони евра.
Доколку сака да го купи Кејн, Манчестер сити ќе мора да продава фудбалери, а засега не е познато кои ѕвезди би заминале.
Од Тотенхем порачаа дека немаат потреба да го продадат Кејн, кој има договор на уште три години и затоа бараат околу 170 милиони евра, иако можеби би прифатиле и пониска понуда од таа.