„Ако Марадона играше во Јувентус, а не во Наполи, сега уште ќе беше жив“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Кабрини, поранешниот фудбалер на Јувентус, предизвика многу реакции со неговата изјава откако почина Диего Армандо Марадона во средата.

Веста за Марадона го потресе целиот свет, па од него се простија многу познати личности, а имаше и такви кои предизвикаа контроверзи.

Еден од нив е Кабрини, кој кажа дека Марадона уште би бил жив доколку заиграл во Јувентус, а не во Наполи.

„Сигурен сум дека ако Марадона дојдеше во Јувентус место во Наполи денес ќе беше жив. Тој беше навистина неверојатен фудбалер и џентлмен како противник. Баш како и сите шампиони можеше да го пружи најдоброто, но и најлошото од себе во ист момент. Да беше во Јувентус денес ќе беше жив затоа што опкружувањето ќе го спасеше. Знам што од него направи Неапол, едноставно беше прашање на време кога се ќе треба да се плати“, кажа Кабрини.