„Ако Меси реши да замине, тогаш Барселона мора да го промени своето име!“

Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето зборуваше за ситуацијата во клубот од Каталонија.

Барселона загуби минатиот петок со 2-8 од Баерн Минхен во мечот од четвртфиналето на Лигата на шампиони, а таков резултат внесе дополнителен немир во клубот.

Ако некој добро го познава Меси, тогаш тоа е камерунскиот напаѓач, кој со години играше со Меси.

„Го сакам Меси како син, му посакувам само најдобро. Барселона е Меси и мислам дека ако тој замине, мора да пронајдеме другоиме за клубот. Среќата која ја имаме во Барселона е тоа што имаме најдобар играч во светот и историјата, па мора да дадеме максимум за да ја заврши кариерата во овој тим“, кажа Ето.