„Ако Меси тренираше како Роналдо, сега ќе имаше 15 ‘Златни топки’“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Продолжуваат споредбите меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а сега свој коментар и мислење на вечната дилема даде поранешниот француски фудбалер Патрис Евра.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед застана на страната на неговиот бивш соиграч.

„Сакам на сите да им стане јасно зошто го избирам Роналдо наместо Меси. Не затоа што го сметам за брат, туку сум вљубен во неговата посветеност. Господ му дал талент на Меси, додека Роналдо мораше напорно да работи. Ако Меси тренираше како Роналдо, сега ќе имаше дури 15 ‘Златни топки“’, вели Евра.