До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По неуспехот на домашен терен против Борнмут, иднината на Микел Артета на клупата на Арсенал е под голем прашалник.
Имено, по поразот во финалето на Карабао купот и елиминацијата од тим од Втора лига во ФА купот, Артета му останува битката за Премиерлигата и Лигата на шампионите.
Новата грешка на „Топџиите“ на домашен терен дополнително ја искомплицира ситуацијата и тоа сè пред натпреварот што Арсенал ќе го игра во недела на „Етихад“ против Манчестер Сити.
Ако Арсенал не успее да ја освои Премиерлигата или Лигата на шампионите, тоа ќе значи крај за Артета на клупата на овој клуб.
Британските медиуми одат толку далеку со своите информации што тврдат дека раководството на Арсенал веќе избрало нов тренер ако се случи такво сценарио.
















