„Ако не примиме гол, имаме барем реми, а зошто да не одиме и на победа?“


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Македонската репрезентација се соочува со сериозен предизвик во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026, бидејќи утре од 20.45 часот треба да играат против Велс.

Голманот на нашата селекција, Столе Димитриевски, изрази надеж дека ќе ја задржи традицијата и ќе успее да задржи „чиста мрежа“ во натпреварот со Велс.

„Сакав да присуствувам на прес-конференцијата затоа што тоа е како некоја традиција. Секогаш кога сум тука, не примаме голови. Се надевам дека така ќе биде и сега, ако не примиме гол, имаме најмалку реми, а зошто не и победа“, вели голманот.