Ако не стигне Исак, Ливерпул можеби ќе оди по двоецот од 180.000.000?!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ливерпул на сите можни начини се обидува да го засили својот напад, Александер Исак е прва мета, но не и единствена.

Ливерпул го извести Њукасл дека е подготвен да испрати официјална понуда за Исак, Швеѓанецот даде зелено светло, но операцијата нема да биде воопшто лесна. Њукасл не сака да го продаде својот најдобар играч, напротив, сѐ уште планира да го удоми со Уго Екитик од Ајнтрахт, но Германците ја одбија понудата од 80.000.000 евра.

Тука на сцена стапува – Ливерпул.

Најнапред, веродостојни извори тврдат дека Ливерпул ќе го преземе Екитик доколку Њукасл одбие да го продаде Исак. Флоријан Плетенберг тврди дека Ливерпул сериозно е заинтересиран за Екитике и дека во овој момент е пред Њукасл за неговиот потпис.

Екитике нема да биде евтин, но ќе биде значително поевтин од Исак. Во Ливерпул веруваат дека 90.000.000 евра би биле доволни за неговиот потпис, тоа е десет повеќе отколку што понуди Њукасл, а Французинот со задоволство би дошол на „Енфилд“.

Но, ни тука не е крај, бидејќи ESPN Brazil пренесе дека Ливерпул сериозно е во трката за потписот – Родриго!

Фото: Принтскрин