ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Од редовите на Барселона ги разгледуваат и резервните опции во случај да не успеат да го договорат трансферот на Лаутаро Мартинез.
Според „Спорт1“ , клубот од Каталонија ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Баер Леверкузен Каи Хаверц кој има одлична сезона зад своето име.
Хаверц досега постигна 17 погодоци во Бундеслигата и со своите настапи го привлече вниманието на голем дел од европските клубови.
Сепак, примарна цел на Барселона останува Лаутаро Мартинез за кого се уште не се знае дали ќе си оди од Интер.