Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хакан Чалханоглу си замина од Милан и се пресели во Интер, а заминувањето на турскиот репрезентативец остави дупка во екипата на „росонерите“, која сега спортскиот директор Паоло Малдини се обидува да ја затвори.
Прва опција на Милан е Душан Тадиќ од Ајакс, кој не сака да го пушти српскиот репрезентативец, па „росонерите“ можеби ќе треба да го активираат планот Б.
Милан размислува за ангажирање на Иско од Реал Мадрид, а според „Газета дело Спорт“ негов трансфер би изнесувал 20 милиони евра.
Иско не доби многу шанса под водство на Зинедин Зидан, а очигледно нема да игра ниту кај новиот тренер Карло Анчелоти.
Шпанецот минатата сезона одигра 29 меча во сите натпреварувања, но дури 1.092 минути, што е по 37 минути на натпревар.
Милан и претходно се обидуваше да го ангажира Иско, но не успеа, па сега конечно би можел да го добие неговиот потпис.