Ако некој заслужи крај со трофеј, тогаш дефинитивно тоа е Јоакин (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Јоакин во ноември минатата година најави крај на кариерата, а од сцената замнува како голем победник.

Шпанскиот фудбалер е блиску до 41. роденден, па реши на крајот на сезоната да се повлече и да се посвети на некои нови предизвици во животот. Интересно е тоа што откри дека сака да биде пожарникар или актер.

„Знам дека ќе ми недостига фудбалот, но на 40 години е време да прекинам и да бидам ТВ-водител на почетокот. Знам дека ќе имам забавна програма, со многу хумора и славење“, вели тој.

Капитенот на Бетис ја почна кариерата во тимот од Севилја за кој настапуваше од 2000 до 2006 година, по што играше пет сезони во Валенсија, па во Малага и Фиорентина, а на крајот во 2015 година се врати во Бетис.

Јоакин одигра 51 меч за Шпанија и притоа постигна четири голови, а вчера го освои вториот трофеј во кариерата, односно се закити со шпанскиот Куп.