„Ако ни поништат сè што постигнавме, ќе се пензионирам“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Додека уште се чека расплетот со целата ситуација со пандемијата на коронавирусот, некои клубови би можеле да останат без успесите кои ги постигнаа сезонава ако се откаже сезоната.

Одамна некој не доминирал во една сезона во Серија Б како што тоа го правеше Беневенто во 2019/20. Клубот од југот на Италија има 20 бодови предност пред второпласираниот Кротоне.

Крилниот фудбалер на Беневенто, Оливер Крагл, јасно порача дека ако се поништи сезоната, тогаш тој ќе се пензионира.

„Оваа екипа испиша историја и направи нешто огромно. Никој не може да ни го одземе тоа што го направивме, иако треба да победиме уште неколку меча за да се пласираме во Серија А“, кажа 29-годишниот фудбалер.