„Ако постоеше ракометен Бог, требаше да победиме против Македонија“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија славеше со 29-27 против Швајцарија во последниот меч од Европското првенство (ЕП) во Германија, а тоа беше последен меч во репрезентацијата за Енди Шмид.

Швајцарската легенда постигна 12 голови против Македонија, но тоа не беше доволно за да ја израдува неговата селекција.

„Признавам дека ова беше тежок пораз. Плачев три минути. Сега сакам да бидам со семејството, а потоа ќе решам што ќе биде во иднина. Сега барем знам дека не постои ракометен Бог, бидејќи ако постоеше, ќе ни помогнеше да победиме“, кажа Шмид.