„Ако продолжи вака Халанд, тогаш ќе ги урне рекордите на Ширер и Кејн“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер е воодушевен од норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд кој по пет кола во Премиерлигата стигна до девет гола.

Норвежанецот вчера го постигна вториот хет-трик во англискиот шампионат, па така ги импресионираше сите, а посебно Линекер.

„Ако продолжи вака Халанд, тогаш ќе ги урне рекордите на Ширер и Кејн“, кажа Линекер.

Ширер е на првата позиција по број на голови во првенството и има 260 погодоци, додека Хари Кејн е на бројката од 187 гола.