„Ако продолжи вака, Нејмар ќе се пензионира до 30 години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и бразилската репрезентација, Зе Роберто е загрижен за својот сонародник Нејмар.

Зе Роберто смета дека Нејмар се соочува со големи проблеми и вели дека Бразилецот мора да го смени начинот на кој размислува.

„Многу е блиску да си ја уништи кариерата. Повредите не му помагаат, но ниту тој не е 100% фокусиран на фудбалот. Доколку продолжи вака, Нејмар ќе се пензионира до 30 години. Парите и луксузот му влијаат многу, но погледнете ги Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тие живеат поинаку, тоа е клучот до супехот“, вели Зе Роберто.

Да потсетиме, Нејмар често се поврзува со враќање во Барселона, од кадешто замина во ПСЖ пред две години.