Ако се раздели со Ванда, кој ќе му биде менаџер на Икарди?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди се скара со неговата сопруга Ванда Нара, која веќе некое време се грижи и за неговата кариера.

Најпознатата фудбалска менаџерка во моментов му е лута на Икарди затоа што смета дека ја изневерил со аргентинска актерка.

Напаѓачот на ПСЖ би можел да замине од ПСЖ ако не му прости Ванда, но таа во моментов не сака да има ништо со ѕвездата на францускиот тим.

Италијанските медиуми го поставија прашањето кој ќе го менаџери фудбалерот ако се раздели со Ванда, а тоа најверојатно ќе биде Валерија, која ѝ помагала на Ванда при трансферот од Интер во ПСЖ.

Втора опција е Мино Рајола, кој во 2018 и 2019 година се поврзуваше со Икарди, но Аргентинецот ѝ остана верен на сопругата.