„Ако Серија А биде прекината, ќе настане апокалиптично сценарио“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од оние кои сметаат дека комплетен прекин во сезоната не би бил добредојден за италијанскиот фудбал е претседателот на Џенова, Енрико Презиоси.

Да потсетиме, Серија А беше прекината на почетокот на март и засега сè уште нема официјални информации за тоа дали ќе се продолжи, иако клубовите започнаа индивидуални тренинзи пред неколку дена.

Сите опции сè уште се разгледуваат, а Презиоси смета дека прекинувањето на првенството би имало катастрофални последици.

“Ако лигата запре, на сцена ќе се појави апокалиптично сценарио. Ваквата одлука ќе ги уништи плановите на сите фудбалски работници. Се уште чекаме да видиме што ќе одлучат телевизиските компании. Џенова би изгубила помеѓу 20 и 30 милиони евра со откажување на сезоната, а тоа не е ни приближно точно. Проблем има и со сезонските билети … Би била целосна катастрофа “, рече тој за РАИ.

Патем, неговата Џенова пред паузата беше на 17-та позиција со ист број на поени како Лече, која е во опасната зона.