Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ЕСПН“ објави дека Манчестер јунајтед има чудна клаузула во договорот со Едисон Кавани, односно ако не му ја продолжи соработката, тогаш ќе мора да му исплати два милиони евра.
Кавани пристигна на „Олд Трафорд“ на крајот на преодниот рок и потпиша соработка на една година, со можност да го продолжи договорот на уште една година.
„Во овој момент можам да кажам дека на Едисон му оди добро, тој одлично се вклопи во тимот. Ќе дојде време ќе седнеме и ќе разговараме за договорот. Ние ќе ги кажеме нешите планови, тој неговите“, изјави Солскјер.
Сега медиумите објавија дека во договорот на Кавани има клазула според која Јунајтед ќе му плати компензација од два милиони евра ако не му го продолжи договорот.