„Ако треба ќе го киднапираме Антони само за да остане во Бетис“


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Бетис синоќа на свој терен ја совлада Фиорентина со 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига, а натпреварот го одбележи спектакуларниот гол на Антони. Бразилецот игра неверојатно откако дојде во Шпанија, и во Бетис „имаат план“ како да го задржат во својот тим.

Сепак, најубавиот момент од натпреварот го видовме во 64. минута кога на сцена стапи Антони. Бразилецот постигна маестрален гол за 2:0 и уште еднаш покажа дека игра препородено откако пристигна од Манчестер Јунајтед на заем.

Легендарниот Хоакин изјави дека во клубот се подготвени дури и да го киднапираат Бразилецот само за да остане во клубот, што доволно покажува каков траг оставил Антони за само неколку месеци.

„Ако мораме да го киднапираме Антони, ќе го возам мојот автомобил за тоа да го направиме, но тој мора да остане без оглед на сè“, се пошегува Хоакин синоќа.